SportM
Фудбал

Ќе грми, Македонија против Белгија во Гент ќе има поддршка од најмалку 1000 навивачи

E R25 сеп 2025
Ќе грми, Македонија против Белгија во Гент ќе има поддршка од најмалку 1000 навивачи

Фудбалската федерација на Македонија (ФФМ) објави дека сите билети наменети за македонските навивачи за квалификацискиот натпревар Белгија – Македонија целосно се распродадени. Натпреварот ќе се игра на 10.октомври и дел од квалификациите за пласман на СП 2026.

Во изминатите три недели на располагање беа ставени речиси 1.000 билети, кои беа понудени за продажба преку официјалната платформа на ФФМ и се целосно резервирани од нашите поддржувачи.

ФФМ упати голема благодарност на навивачите за интересот и поддршката која македонската репрезентација ќе ја има во Гент за мечот против Белгија.

Поради релативно малиот капацитет на стадионот во Гент, македонската федерација не беше во можност за дополнителна количина на билети.

Сподели

Коментари (0)

Бидете прв што ќе коментира.