Фудбал
Ќе има чистка во Манчестер Сити на лето, ќе „летаат“ осум фудбалери!

Менаџерот на Манчестер Сити, Пеп Гвардиола, ќе направи чистка во летниот преоден рок, па дури осум играчи ќе ги напуштат „граѓаните“. Имено, Сити во текот на летниот преоден рок во своите редови ќе има дури десет играчи над 30 години, меѓу кои и Џек Грилиш, кој во септември ќе наполни 30 години.
Дејли Стар пишува дека дури осум фудбалери ќе го напуштат клубот од Етихад во летниот преоден рок, а тоа се играчите Матео Ковачиќ, Кевин де Брујн, Бернардо Силва, Џон Стоунс, Илкај Гундоган, Едерсон, Џек Грилиш и Кајл Вокер (последниот веќе е на позајмица во Милан). Последната капка беше елиминацијата од Реал Мадрид во нокаут фазата од Лигата на шампионите, бидејќи кралевите се пласираа со вкупни 6:3. Избраниците на Пеп Гвардиола не можеа да се спротивстават со „Кралевите“ и се потврди дека моментално не се меѓу најдобрите тимови во светот, што е јасен сигнал дека е вистинско време за реконструкција.