Ќе се врати ли во Барселона? Еве како одговара Пеп Гвардиола

Пеп Гвардиола повторно ја исклучи можноста за враќање во Барселона, истакнувајќи дека неговата епизода како тренер на каталонскиот клуб е нешто од минатото.
Во интервју дадено за официјалното списание на Бундеслигата, шпанскиот тренер беше прашан дали си го замислува себеси повторно на клупата на Баерн Минхен еден ден.
Гвардиола не ја затвори целосно вратата за ваква можност, но најпрво го пофали актуелниот тренер на Баварците, Томас Тухел, нарекувајќи го „фантастичен тренер“.
Кога стануваше збор за Барселона, неговиот став беше категоричен.
„Дали треба да се вратиш во клуб каде што си бил претходно? Јас, на пример, нема да се вратам во Барса“, рече Гвардиола.
Поранешниот тренер на Барселона претходно призна дека силниот медиумски притисок, високите очекувања за стилот на игра со посед на топката и жестокото ривалство со Реал Мадрид значително го влијаеле за време на неговите години на Камп Ноу.



