SportM
Фудбал

Кеита: Мане ги доживува најдобрите моменти во кариерата

Д М7 ное 2019
Кеита: Мане ги доживува најдобрите моменти во кариерата

Играчот од средниот ред на Ливерпул, Наби Кеита изјави дека напаѓачот Садио Мане ужива во најдобрите моменти во кариерата.

27-годишниот играч е најдобар играч на клубот оваа сезона, постигнувајќи 10 гола на 16 настапи во сите натпреварувања.

Кеита изјави дека фудбалерот на Сенегал е во одлична форма и верува дека ќе продолжи така.

„Тој ги минува најдобрите моменти, па зависи од него, да остане фокусиран и да продолжи. Го познавам како личност која сака да постигне повеќе и ќе продолжи да го прави тоа“, рече тој.

Црвените немаат пораз во англискиот шампионат, а следниот натпревар ќе биде многу тежок, бидејќи ќе играат со нивниот главен ривал, Манчестер Сити.

Сподели

Коментари (0)

Бидете прв што ќе коментира.