SportM
Фудбал

Кејн го извести Тотенхем дека сака да се пресели во Манчестер Сити

Д М2 авг 2021
Кејн го извести Тотенхем дека сака да се пресели во Манчестер Сити

Најдобриот играч и капетенот на Тотенхем, ги извести челниците дека сака да го промени клубот, односно сака да се пресели во Манчестер сити, објавија некои британски медиуми.

Веќе некое време се шпекулра за заминувањето на Кејн од Тотенхем, а во јули 2021 година, се појавија информации дека 28-годишниот Англичанец се договорил со „граѓаните“ за соработка до 2026 година. Сити е подготвен да плати 187 милиони евра за фудбалерот.

Минатата сезона Кејн одигра 49 натпревари, постигна 33 голови и оствари 17 асистенции. Порталот „Transfermarkt.com“ ја проценува вредноста на играчот на 120 милиони евра.

Сподели

Коментари (0)

Бидете прв што ќе коментира.