SportM
Фудбал

Кејн: Ќе ми судат по головите, но јас сум мирен човек

Д М4 дек 2022
Кејн: Ќе ми судат по головите, но јас сум мирен човек

Напаѓачот на репрезентацијата на Англија, Хари Кејн вели дека се чувствува одлично пред натпреварот со Сенегал во осминафиналето на Светското првенство во Катар.

Кејн ја освои златната копачка во 2018 година во Русија, но досега не се запиша меѓу стрелците во Доха, иако забележа три асистенции.

Напаѓачот на Тотенхем доби и удар на дуелот со Иран, но се чувствува добро.

„Прво, стапалото е добро, нема никакви проблеми. Секој ден е се подобар. Што се однесува до формата, чувствувам дека играм добро. Ќе ме судат најмногу по голови, но јас сум мирен поединец и секогаш се фокусирам да дадам се од себе за тимот“, изјави Кејн и додаде:

„Ќе продолжам да се однесувам вака. Ако дојдат головите, супер, ќе имаме поголеми шанси за победа. Ќе биде тежок натпревар, но се надевам дека ќе ја затресам мрежата. Подготвен сум и наострен“.

Натпреварот Англија – Сенегал започнува во 20 часот, а во четвртфиналето победникот од тој меч ќе игра со подобриот од дуелот Франција – Полска (од 16 часот).

Сподели

Коментари (0)

Бидете прв што ќе коментира.