Кејн: Сакам трофеи со Тотенхем

И покрај бројните шпекулации дека ќе ја смени средината, најдобриот фудбалер на Тотенхем и капитен на Англија, Хари Кејн наскоро ќе започне преговори со челниците на неговиот сегашен клуб, за да ја продолжи кариерата во Северен Лондон.
Кејн, кој во понеделникот против Фулам го постигна својот 266. гол за „петлите“, го израмни клупскиот рекорд на Џими Гривс.
Тој има само 18 месеци од договорот и има се повеќе луѓе кои веруваат дека тој би можел да го напушти Тотенхем на лето.
Манчестер Јунајтед и Баерн се споменуваат како многу заинтересирани, но тој вели дека неговата цел е да освои трофеј со Тотенхем оваа сезона.
“Сигурен сум дека ќе има разговори во наредните месеци. Фокусиран сум на оваа сезона и како да го дадам најдоброто за мојот тим. Има уште многу да се игра, се обидуваме да ја освоиме Лигата на шампионите, ние го имам и ФА Купот, натпреварите во Европа. Тоа ме прави да сум заинтересиран. Знам дека ќе има гласини, многу шпекулации за мојата иднина, но само ме интересира што можам да направам оваа сезона“, рече Кејн.
На прашањето дали се уште сонува за успех во дресот на Тотенхем, тој рече:
„Секако дека сè уште сакам трофеи со Тотенхем. Тоа е мојата цел откако почнав да играм во првиот тим. Отсекогаш сум бил искрен за тоа и ќе продолжам да работам за да го остварам тоа. Имаме добар тим. фантастичен менаџер и нема причина да пропадне оваа сезона“, заклучи Кејн, кој не освои ниту еден трофеј во дресот на Тотенхем. Најблиску беше во 2019 година, кога неговиот клуб загуби во финалето на Лигата на шампионите од Ливерпул.



