SportM
Фудбал

Кејн се подготвува да игра во финалето на Лигата на шампионите

Д М28 мај 2019
Кејн се подготвува да игра во финалето на Лигата на шампионите

Постојат големи шанси најдобриот фудбалер на Тотенхем, Хари Кејн да учествува во финалето на Лигата на шампионите со Ливерпул.

Англискиот репрезентативец го повреди глуждот во четвртфиналниот натпревар од ЛШ против Манчестер сити (1:0), и оттогаш нема одиграно натпревар.

Во сезоната 2018/19, Кејн настапи на 39 натпревари за Тотенхем, постигна 24 гола и оствари шест асистенции.

Финалето во елитното натпреварување за сезоната 2018/19 ќе се игра на 1 јуни во Мадрид на стадионот „Ванда Метрополитано“.

Сподели

Коментари (0)

Бидете прв што ќе коментира.