SportM
Фудбал

Киелини се потсети на доаѓањето на Погба во Јувентус: Тој не ветуваше многу…

Д М29 мај 2020
Киелини се потсети на доаѓањето на Погба во Јувентус: Тој не ветуваше многу…

Французинот Пол Погба пристигна во Јувентус во 2012 година.

Погба пристигна како млад фудбалер кој не успеа да се наметне на Манчестер Јунајтед и очекувањата на соиграчите во „Старата дама“ не беа големи.

Ова го призна и капитенот Џорџо Киелини, кој се потсети на доаѓањето на Погба.

“Искрено, мислев дека тој е само уште еден во редот на играчи кои минаа низ клубот и не оставија белег. Сепак, малку подоцна им кажав на постарите играчи дека тој е навистина добар. Тој стануваше подобар и подобар од ден на ден”, се сеќава Киелини. .

Погба беше шампион четири пати со Јувентус и потоа отиде во Јунајтед за 105 млиони евра.

„Не мислев дека тој ќе биде таков шампион“.

Погба во Јунајтед сè уште не ги оправда парите што ги плати клубот, а се зголемуваат шпекулациите за напуштање на „Олд Трафорд“.

Сподели

Коментари (0)

Бидете прв што ќе коментира.