Поврзи се со нас

Фудбал

Киелини зборуваше за состојбата на Роналдо, кој се зарази со Ковид-19

Дефанзивецот на Јувентус и Италија, Џорџо Киелини изјави дека неговиот соиграч, Кристијано Роналдо, кој се зарази со коронавирус во вторникот, се чувствува смирено и се релаксира на сонцето.

-текстот продолжува по рекламата-

Напаѓачот на Јувентус, Роналдо беше позитивен на Ковид-19 во вторникот вечерта во португалскиот табор и како резултат ќе отсуствува две недели

35-годишникот нема симптоми и го следи протоколот, што значи дека е самоизолиран и не може да игра за Португалија вечерва против Шведска во Лигата на нации.

-текстот продолжува по рекламите-

„Кристијано е добро, тој е смирен и ужива на сонцето. Ќе се врати кога ќе се справи добро“, рече Кјелини на прашањето за Роналдо.

35-годишникот го спомена и португалскиот тренер, Фернандо Сантос, кој рече дека Роналдо сака што побрзо да се врати на терените.

„Тој вели дека само сака да игра“, рече Сантос на прес-конференцијата пред натпреварот.

Реклама

Facebook

Реклама
Реклама
Реклама