Кике Сетиен заминува од клупата на Барселона, на негово место доаѓа клупската легенда

И додека Миралем Пјаниќ следната сезона ќе биде на „Камп Ноу“, таму веројатно нема да биде тренерот Кике Сетиен.
Резултатите и настапите на Барселона во последно време не се доволно добри, па клубот наводно веќе одлучил дека Сетиен нема да биде тренер следната сезона.
Според странските медиуми, Барселона е подготвена да го отпушти Сетиен, а единствената работа што може да се случи за да остане е одредено радикално подобрување и освојување и на ЛШ и на Ла Лига.
Сетиен пристигна во јануари како замена за Ернесто Валверде, но тој ја загуби контролата во соблекувалната на Барселона, а управата на клубот е се повеќе незадоволна од начинот на кој игра Барселона.
Се наведува дека нема да биде доволно за Сетиен да се спаси дури и со победа во Ла Лига и дека гневот на играчите е толку голем што поранешниот тренер на Бетис нема да преживее до почетокот на новата сезона.
Сетиен никогаш не беше прв избор по отказот на Валверде, а ниту Роналд Коман ниту Чави Ернандез не беа подготвени да го преземат тимот на Барселона во тој момент. Сега Чави мисли дека би можел да го наследи Сетиен, а самиот поранешен играч од средниот ред денес изјави дека би бил многу среќен да го тренира својот поранешен тим.



