SportM
Фудбал

Кикс или? Голман во 92.минута постигна бизарен автогол и испаднаа од Купот (ВИДЕО)

E R28 јан 2026
Кикс или? Голман во 92.минута постигна бизарен автогол и испаднаа од Купот (ВИДЕО)

Натпреварот од осминафиналето на Купот на Катар меѓу Ал Шаханија и Ал Шамал доспеа во фокусот на јавноста поради бизарниот автогол што го постигна голманот на гостите, Омар Бари.

Резултатот во 92. минута беше 0:0, а слободниот удар од речиси 40 метри го изведе играчот од средниот ред на Ал Шаханија, Јусуф Раиси.

Тој шутираше силно, но по средината на голот, па се чинеше дека Бари ќе има лесна задача да го одбрани ударот.

Сепак, 39-годишниот Бари најпрво ја одби топката високо над својата глава, а кога таа почна да паѓа, се обиде да ја исфрли во корнер преку пречката.

Ја промаши топката, таа ја погоди пречката и потоа падна во петерката, по што Бари ја внесе во сопствениот гол.

Овој погодок беше единствениот на натпреварот и со него беше завршено учеството на Ал Шамал во Купот на Катар, а на социјалните мрежи се отвори дебата дали Бари направил кикс или станува збор за „кикс“ кој имал последица пораз на неговата екипа поради обложувалниците.

Сподели

Коментари (0)

Бидете прв што ќе коментира.