Поврзи се со нас

Фудбал

Кимих во солзи го напушти теренот

Баерн го загуби Џошуа Кимих, кој се повреди за време на првиот дел од дербито со Борусија.

Во 35-та минута Кимих се обиде да го запре контранападот на Борусија и да го сруши Ерлинг Халанд, за што потоа доби жолт картон.

Сепак, на стартот одличниот играч за врска на Баварците се повреди, па мораше да ја напушти играта и беше заменет со Толисо.

Не се добри вести за тренерот Флик, Хасан Салихамиџиќ и остатокот од Баерн затоа што Кимих е исклучително важен, не само вечерва, туку и на претстојните натпревари. Единственото нешто што работи во нивна корист е фактот дека ќе има репрезентативна пауза.

 

loading...

Facebook