SportM
Фудбал

Кинески клуб подготвен да плати 25 милиони евра годишно за Милер

Д М18 јун 2019
Кинески клуб подготвен да плати 25 милиони евра годишно за Милер

Напаѓачот на Баерн Минхен, Томас Милер, доби понуда од кинески клуб, чие име не се открива, објави „Кикер“.

Според порталот, на 29-годишниот Германец му е понуден договор со плата од 25 милиони евра годишно.

Сепак, Милер нема намера да ја прифати примамливата понуда со објаснување дека тој е сѐ уште млад и премногу добар за Кина.

Милер целата своја досегашна професионална кариера, почнувајќи од 2008 година ја помина во Баерн Минхен.

Сподели

Коментари (0)

Бидете прв што ќе коментира.