Киву: Сакам Интер да доминира!
Редакција30 сеп 2025

Пред натпреварот на Интер против Славија во второто коло од Лигата на шампионите, тренерот на Нероазурите, Кристијан Киву, ја нагласи потребата од посед на топката.
– Сакам конзистентност и фокус. Сакам Интер да доминира и да ја контролира играта. Треба да одржуваме рамнотежа, да имаме поголем посед на топката за време на натпреварот и да ги искористиме нашите шанси. Славија е моќен тим со многу напаѓачки играчи, па затоа мора да бидеме внимателни. Тие се физички силни и опасни. Треба да ги неутрализираме силните страни на нашите противници и да ја преземеме контролата врз играта, изјави Киву во пресрет на средбата во Милано.
Почетокот на натпреварот Интер – Славија е закажан за 21 часот.
Сподели
Поврзани вести
Коментари (0)
Бидете прв што ќе коментира.



