Поврзи се со нас

Фудбал

Кјелини не може да ја исклучи можноста за пензија по ЕУРО

Капитенот на Јувентус и италијанската репрезентација, искусниот Џорџо Кјелини, не ја исклучува можноста тој по Европското првенство, што треба да се одржи следното лето, да се повеле од фудбалот.

Кјелини претрпе сериозна повреда на почетокот на минатата сезона од која сè уште не се опорави целосно.

Сепак, Кјелини се надева на добра наредна сезона и можност да ја круниса својата кариера во дресот на „азурите“ со важна улога и на следното евро.

„Не знам, би било убаво да се заврши така. Не можам да ја исклучам таа можност“, рече Кјелини, а потоа продолжи:

“Да ви кажам право, ако стигнам до Европското првенство, тоа ќе значи дека сум повторно на мое ниво. Би бил среќен ако можам да ја крунисам мојата година со учество на тој турнир… Не сакам да мислам сега што би можело да дојде после тоа”.

Кјелини во моментов не сака и не може да направи долгорочни планови.

“Не играв минатата сезона и немав континуитет. Сакам да играм што е можно повеќе и да уживам во она што го правев во последните месеци. Во овие години, не можам да правам долгорочни планови”, рече 36-годишниот стопер.

 

Facebook

loading...