Кладилниците поставија фаворити за новиот клуб на Меси
Д М6 авг 2021

Барселона вечерва потврди дека Лионел Меси нема да игра за клубот следната сезона.
Поради огромни финансиски долгови, Барселона не можеше да ги исполни прописите на Ла Лига, па не успеа да потпише нов договор со Меси.
Букмејкерите веќе започнаа да вклучуваат облози за следниот клуб на Аргентинецот, а Скај Бет ги објави коефициентите.
Најголем фаворит за доведување на Меси е ПСЖ со коефициент 1,90. Вториот фаворит е, интересно, Барселона со коефициент околу 3,50, но сега е сигурно дека ова е невозможно сценарио.
Трет на листата е Манчестер Сити со коефициент 4, а потоа следуваат клубовите од МЛС (13), аргентинскиот Њуелс Олд Бојс (15), Интер (16), Манчестер Јунајтед (19).
Нешто помалку шанси имаат Челзи и Јувентус со коефициент 21.
Сподели
Поврзано
Поврзани вести
Коментари (0)
Бидете прв што ќе коментира.



