Connect with us

Фудбал

Клаузулата за откупување на Лаутара истече, токму тоа го чекаа во Барселона

Лаутаро Мартинез со месеци се поврзуваше со преселба во Барселона, а трансферот треба да се случи ова лето.

Каталонците покажаа огромен интерес за Аргентинецот кој игра одлично во дресот на Интер. Се очекуваше Барселона да го повлече овој потег минатата недела затоа што Лаутаро имаше откупна клаузула од 111 милиони евра.

Но, Барселона не сакаше да ја активира откупната клаузула и многумина го толкуваа ова како знак дека се откажале од Лаутаро. Но, „Спорт“ пишува дека во Барселона чекале да истече откупната клаузула, бидејќи имаат ас во ракавот.

Имено, поради сите финансиски проблеми предизвикани од пандемијата на коронавирус, цените на многу играчи значително се намалија. Ова важи и за Лаутаро, кој повеќе не чини над 100 милиони евра.

Според медиумите во Шпанија, неговата цена сега е 90 милиони евра. На тој начин Барса, би заштедила 21 милиони евра.

Реклама

Facebook

Реклама
Реклама
Реклама