Клоп доби изненадување: „Новогодишниот подарок“ пристигна пред време

Одлични вести пристигнаа за Ливерпул и Јирген Клоп пред густиот распоред во декември и јануари.
„Црвените“ ги очекува финалето од групната фаза во Лигата на шампионите, четвртфиналето на Лига купот, Боксинг деј, редовното коло од Премиершип и натпреварот од ФА Купот.
Во овој период од сезоната важно е тимовите да имаат долга клупа, а Клоп предвреме ќе добие „новогодишен подарок“.
Младиот Харви Елиот се опоравува од повредата што ја заработи на почетокот на сезоната. Тинејџерот на Ливерпул веќе започна со лесни тренинзи, а доказ за тоа се фотографии од тренинг центарот на „црвените“.
Според прогнозите на лекарите, Елиот би можел да биде дел од „црвените“ веќе во средината на декември во четвртфиналниот меч од Лига купот, каде „црвените“ ќе го пречекаат Лестер на „Енфилд“. Се зборуваше дека Елиот може да се врати на терените дури во февруари или дури во март, но Клоп денеска доби вест која сигурно ќе го израдува.



