SportM
Фудбал

Клоп ги брани Халанд и Нуњез: „Замислете, одите на работа првиот ден и шефот ви вели дека не вредите“

Д М16 авг 2022
Клоп ги брани Халанд и Нуњез: „Замислете, одите на работа првиот ден и шефот ви вели дека не вредите“

Светската фудбалска јавност има големи очекувања од Ерлинг Халанд и Дарвин Нуњез откако двајцата летово пристигнаа во англискиот премиерлигаш.

 

Нуњез дојде во Ливерпул од Бенфика, а беше жестоко критикуван за неговите први настапи во дресот на „црвените“ за време на претсезоната. Веднаш го осудија и тврдеа дека се потрошени огромни милиони, дека Нуњез на првиот настап во Премиер лигата, доаѓајќи од клупата, ќе даде гол и ќе асистира за ремито со Фулам (2:2) на Крејвен Котиџ.

 

Низ слична тортура поминува и Халанд, кој сепак во првите настапи покажа дека ќе биде навистина големо засилување за Манчестер Сити и дека едноставно му треба малку време да се прилагоди на новата средина.

На оваа тема повторно проговори менаџерот на Ливерпул, Јирген Клоп, чиј тим вечерва ја брка првата победа против Кристал Палас на „Енфилд“ и се очекува Нуњез да биде во стартниот состав.

 

„Пред пет недели, кога ја започнавме претсезоната и тој го одигра првиот натпревар, не изгледаше добро. Но, не за нас. Лудо е колку брзо ги судиме луѓето…леле! Замислете некој да ни го направи ова: доаѓаме на работа првиот ден и газдата ни вели: „Одете дома, никогаш не се враќајте, не можете да работите овде“. Сега одеднаш сите велат дека е добар напаѓач. Како што реков, тој е различен напаѓач од оние што ги имавме досега, но тој е физички силен и технички многу добар. Ќе биде постабилен, посигурен и сигурен во себе. Никој не може да бара 100 проценти веднаш, потребен е развој и на тоа работиме“, изјави Клоп за Нуњез.

 

Халанд дебитираше за Сити против Ливерпул во Комјунити Шилд. Не влијаеше и беше критикуван, но оттогаш постигна два гола во Премиер лигата:

„Смешно е, го победивме Сити седум дена пред почетокот на лигата и луѓето само се прашуваа дали ќе даде гол. Седум дена се како 10 години во фудбалот!“, вели Клоп.

 

Нуњез на Бенфика и е платен 75 милиони евра, но тој трансфер ќе чини повеќе кога ќе се вклучат и бонусите. Халанд е платен 60 милиони евра, но неговата пазарна вредност се проценува на 150 милиони евра.

 

Ова се дефинитивно двајца од најперспективните напаѓачи во моментов, заедно со Килијан Мбапе, а иако нивните кариери практично допрва почнуваат, тие веќе постигнаа голем број на натпревари и голови, а нивните игри се следат под посебен лупа.

 

Тие се под голем притисок, но знаат како да одговорат на теренот…

Сподели

Поврзано

Коментари (0)

Бидете прв што ќе коментира.