Клоп изгледа бара изговори пред натпреварот со Манчестер Сити

Во дербито на 11. коло на Премиер лигата денеска се среќаваат Ливерпул и Манчестер Сити.
Пред големиот натпревар, Манчестер Сити е втор во Премиер лигата со 23 бода, еден помалку од водечкиот Арсенал. Ливерпул, кој имаше многу лош старт на сезоната, заостанува 13 бода, на 11. позиција.
На прес-конференција, менаџерот на Ливерпул ја призна супериорноста на Манчестер Сити, за кој рече дека го има „најдобриот тим на светот“, како резултат на огромниот буџет до кој неговиот тим не може да се приближи.
Во исто време, Јирген Клоп испрати „стрела“ и до Манчестер Сити, но и до ПСЖ и Њукасл, три клуба за кои рече дека „можат да прават што сакаат“ од финансиска гледна точка, бидејќи во основа се раководени од многу богата земја..
„Никој не може да се натпреварува со Манчестер Сити. Тие го имаат најдобриот тим во светот и го купија најдобриот напаѓач (Ерлинг Халанд). Не е важно колку чини, тие го донесоа. Ние не можеме да го прави тоа, тоа е невозможно.
Во светскиот фудбал има три клуба кои финансиски можат да прават што сакаат. Тоа е легално, ок, но тие можат да прават апсолутно се што сакаат. Мораме да се натпреваруваме со нив. Таква е ситуацијата, не ми е проблем“, изјави Јирген Клоп.
Оваа изјава не им се допадна на многу навивачи на Ливерпул и сметаат дека Клоп веќе се обидува да најде изговори за новите киксови на неговиот тим.
Да потсетиме, Ливерпул и Манчестер Сити последниот натпревар го одиграа на 30 јули во финалето на Комјунити Шилд, а потоа избраниците на Клоп победија со 3:1 на дебито на Ерлинг Халан за Сити.
Исто така, Црвените победија против Граѓаните во полуфиналето на ФА Купот на 16 април со резултат 2:3. Што се однесува до Премиер лигата, последната победа на Ливерпул против Сити беше во ноември 2019 година, кога на „Енфилд“ беше 3:1.
Денешниот натпревар започнува во 17:30 часот точно на „Енфилд“.



