Поврзи се со нас

Фудбал

Клоп ќе му се налути: Мидо открива дека Салах добил коронавирус

Пред неколку дена, Фудбалскиот сојуз на Египет објави дека Мохамед Салах е позитивен на коронавирус.

Оваа вест особено го разочара Јирген Клоп бидејќи „Црвените“ беа „оштетени“ поради големиот број повредени играчи, а веста за Салах дојде во најлош момент. Египќаните рекоа дека Салах немал никакви симптоми и дека тој веќе бил во самоизолација.

Салах ќе се врати во Ливерпул каде ќе продолжи да се изолира се додека не се опорави од короната. На крајот на краиштата, легендарниот египетски напаѓач Мидо проговори и откри дека Салах се заразил и за тоа сериозно го критикуваше.

“Отсуството на Салах е голем проблем за Египет затоа што тој е нашиот најдобар играч. Сепак, тој исто така го ризикуваше здравјето на неговите соиграчи поради неодговорно однесување. Тој отиде на свадбата на неговиот брат иако не му беше дозволено да го стори тоа во такви околности. На свадбата имаше повеќе од 800 луѓе и половина од нив се приближија прегрнувајќи го Салах “, рече Мидо.

Оваа вест сигурно ќе го налути Клоп бидејќи во Ливерпул не беа запознати со фактот дека Салах оди на свадба. Со оглед на бројот на гости, сигурно е дека тој не доби дозвола од „црвените“ да присуствува на свадбата.

loading...

Facebook