SportM
Фудбал

Клоп: На Реал му подаривме пет гола

Д М22 фев 2023
Клоп: На Реал му подаривме пет гола

Фото: NEWCASTLE UPON TYNE, ENGLAND – FEBRUARY 18: Juergen Klopp, Manager of Liverpool, looks on prior to the Premier League match between Newcastle United and Liverpool FC at St. James Park on February 18, 2023 in Newcastle upon Tyne, England. (Photo by George Wood/Getty Images)

Менаџерот на Ливерпул, Јирген Клоп по мечот со Реал изјави дека неговиот тим не може да го наметне својот ритам за време на мечот со Мадрид, како и дека му примале голови на противникот.

Фудбалерите на Реал Мадрид го победија тимот на Ливерпул со 5:2 на гостински терен во осминафиналето од Лигата на шампионите.

„Тоа е прилично јасно. Им подаривме пет гола, со секој можевме подобро да реагираме. Важно е да се земат позитивата, а тоа беше првото полувреме и покрај тоа што примивме два гола. Требаше да се браниме подобро во тие ситуации. Никој не го покри Винисиус кој испрати шут од светска класа. Имавме добар разговор на полувремето, но потоа го примивме третиот гол, кој беше страшен и ја промени играта. Доминираа, ни недостасуваше среќа по трет пат да ја пронајдеме мрежата. Во вториот дел се беше како што сакаше Реал, а тој секогаш те казнува, никогаш не простува“, изјави Клоп.

Менаџерот на Ливерпул смета дека неговиот тим се уште има шанси да оди во следната фаза од натпреварувањето, како и дека ќе се обиде да го победи Реал Мадрид во вториот натпревар.

„Од оваа перспектива не изгледа добро, но за три недели, како што се приближува натпреварот… Ќе мора да преземеме одредени ризици, а кога ќе им оставите простор тие се многу опасни. Одиме таму да се обидеме да победиме и ќе видиме. Разбирам зошто луѓето мислат дека ова е голем удар, но тоа е само уште еден резултат, пораз и можеме да научиме од него. Добро го отворивме натпреварот, се претставивме во најдобро светло оваа сезона и сакаме да го повториме тоа. Не смееме да дозволиме ова да влијае на остатокот од сезоната, туку да ги земеме позитивните страни. Реал е еден од најдобрите тимови во светот и не мораме така да ги браниме сите ривали. Фала му на Бога што не играме со нив секоја недела, бидејќи е многу тешко да се одбраниш“, заврши Јирген Клоп.

Сподели

Коментари (0)

Бидете прв што ќе коментира.