SportM
Фудбал

Клоп: Не е натпревар за титула, но тоа е Сити, сакаме реакција

Д М5 окт 2018
Клоп: Не е натпревар за титула, но тоа е Сити, сакаме реакција

Менаџерот на Ливерпул, Јирген Клоп, вели дека неговиот тим сака да покаже реакција во натпреварот со Манчестер Сити, после поразот од Наполи во Лигата на шампионите.

Црвените ќе го пречекат шампионот на Англија во дербито на осмото коло од Премиер лигата во недела во 17:30 часот. Тоа ќе биде дуел против два прворангирани тимови и тимови кои не знаат за пораз во лигата.

“Нема смисла да зборуваме за овој натпревар како натпревар за титула. Од друга страна, пак, доаѓа Сити, тоа значи тежок натпревар “, рече на Клоп, а потоа се осврна на анализа на конкурентите:

“Тимовите кои играат против Сити може да го изгубат фокусот на теренот, но тоа никогаш не им се случило нив минатата сезона. Тие имаат голема почит од моја страна. Затоа е потребно да играме најдобро што можеме и да се обидеме да ги победиме”.

Ливерпул во дуел со Граѓаните влегува по поразот во Лигата на шампионите од Наполи (0:1).

“Мораме да почнеме одново. Сити е различен ривал на Наполи, повеќе предизвик. Сепак, верувам во мојот тим, сакаме да се покаже реакција. Никој не го сакаше поразот на Наполи, но ако мене ме прашувате, кој е најдобар начин на припрема, јас ќе ви кажам дека тоа е пораз. Не го сакаме повторно тоа чувство”, заклучи германецот.

Сподели

Поврзано

Коментари (0)

Бидете прв што ќе коментира.