Клоп: Не можам и нема да заминам

Менаџерот на Ливерпул, Јирген Клоп, пред денешното дерби на Мерсисајд на „Енфилд“ изјави дека не планира да го напушти клубот.
Лошите резултати не го одвраќаат Клоп од Ливерпул. Сопствениците го поддржуваат, додека самиот тој во неколку наврати изјави дека ќе си оди само ако го отпуштат, што нема да се случи.
Од тогаш (првиот дел од сезоната), до денес, не е многу променето. Ливерпул е во катастрофална позиција и на теренот и на табелата во Премиер лигата, но Клоп е убеден дека работите ќе се подобрат.
Тој тоа го потврди во вечерашното интервју за медиумите.
„Ако луѓето веруваат во мене, тогаш заедно ќе го надминеме ова. Повторно ќе имаме одлични времиња. Не можам и нема да заминам. Имам многу обврски… Тешко време, но овој клуб верува во мене и тоа е зошто е тоа посебно“, рече Клоп.



