Connect with us

Фудбал

Клоп: Не разбравме што пејат, но беше доста гласно

Менаџерот на Ливерпул Јирген Клоп се обрати на новинарите по неславната партија на неговите играчи и поразот од Звезда со 2:0 во 4. коло од групата  Ц во Лигата на шампионите.

Машинеријата на Клоп вечерва спиеше, немаше сила ниту за утешителен гол, а на крајот Клоп истакна дека било доста тешко и дека атмосферата била неверојатна.

,,Беше тешко. Атмосферата беше неверојатна. Стариџ промаши гол на почетокот од натпреварот и сè од тогаш тргна на лошо. Тие потоа дадоа два и сè изгледаше уште полошо. Пробав да сменам во второто полувреме. Имавме неколку шанси, но не погодивме. Ги имавме тие моменти, некои шанси, меѓутоа, тоа не беше доволно. Морам да и честитам на Звезда за победата и трите бода.” кажа Клоп, кој и понатаму ја фалеше атмосферата.

„Тоа беше добра фудбалска атмосфера. Можеше да се игра. Не разбиравме што пејат, но беше гласно. Тие беа во позитивно расположение, особено по вториот гол. Тоа го осетивме на патот до соблекувалната, до која има пат и тоа како долг.”

За головите на Павков..

,, Дека ќе постигне два гола, не верував. Видовме во Салзбург дека е опасен. Ја промени играта таму кога влезе. Мислам дека дури и Павков беше изненаден кога го даде вториот гол. Во однос на тактиките на Звезда, и за тоа не сум изненаден. Слично беше како во првиот натпревар, со тоа што на Енфилд ја контролиравме играта. Сега не.”

Низ добра игра и позитивна енергија, Звезда успеа да го надигра Ливерпул со победнички резултат на Маракана.

Реклама
Реклама

ФОТО

Повеќе од Фудбал

WP Facebook Auto Publish Powered By : XYZScripts.com