Клоп онлајн заврши голем трансфер?
Д М25 мај 2020

Странските медиуми пишуваат дека тренерот на Ливерпул, Јирген Клоп се договорил за големо засилување за неговиот тим.
Станува збор за напаѓачот на РБ Лајпциг, Тимо Вернер, кој игра одлично во последните неколку години, особено оваа сезона.
Новинарот, Рафаел Хоништајн, тврди дека пред неколку недели Клоп остварил онлајн состанок со Вернер и дека се согласил на соработка.
“Коронавирусот предизвикува големи проблеми во фудбалот, а истото се случува и со трансферите на играчи. Сепак, се одржа средба помеѓу Клоп и Вернер, барем онлајн, и сè беше договорено”, рече Хонигштајн.
Останува да се види дали овој трансфер ќе се оствари, но сигурно е дека Вернер би бил одлично засилување за нападот на Ливерпул.
Сподели
Поврзани вести
Коментари (0)
Бидете прв што ќе коментира.



