SportM
Фудбал

Клоп: Посакувам Кавани да не потпише за Атлетико

Д М18 јан 2020
Клоп: Посакувам Кавани да не потпише за Атлетико

Тренерот на Ливерпул, Јирген Клоп, на прес-конференцијата пред дуелот со Манчестер Јунајтед зборуваше за ривалот во Лигата на шампионите, Атлетико Мадрид.

За Атлетико Мадрид се знае дека се во преговори со ПСЖ околу трансферот на Единсон Кавани, но Клоп се надева дека Уругваецот нема да го напушти Париз до лето. Се разбира, тој не сака неговиот следен ривал во Лигата на шампионите да биде дополнително засилен.

„Мислам дека Мората и Жоао Феликс се доволно опасни“, рече Клоп, додавајќи:

 
„Атлетико е многу добар во моментов. Се надевам дека тие не го доведоа Кавани, но што и да се случи и трансферот да не се случи, тие се исклучително силен и незгоден противник”.

„Сè уште не сум започнал да го анализирам Атлетико подлабоко, но многу пати го гледав тоа. Ќе видиме што ќе се случува на овие дуели со нив, но со или без Кавани, тие се многу, многу опасни“, заклучи Германецот.

Сподели

Коментари (0)

Бидете прв што ќе коментира.