Клоп реагира на веста дека Манчестер Сити е исклучен од Лигата на шампионите

Тренерот на Ливерпул, Јирген Клоп изјави дека жали за фудбалерите на Пеп Гвардиола и Манчестер Сити поради исклучувањето на нивниот клуб од европските натпреварувања.
УЕФА го суспендираше Сити за учество во европски натпреварувања на две години, за сериозни прекршувања на правилата за финансиски фер-плеј.
Сити планира да поднесе жалба по одлуката на УЕФА и има 10 дена да го однесе жалба до Арбитражниот суд.
„Бев шокиран кога ги слушнав вестите. Можам да замислам колку е тешко за нив во моментот“, рече Клоп.
„Не знам како функционираат овие работи – но она што можам да кажам е дека под водство на Пеп Гвардиола, Манчестер Сити игра сензационален фудбал. Отсекогаш сум го сакал нивниот фудбал“, додаде Германецот.
„Да бидам искрен со вас, жал ми е за Пеп и играчите бидејќи, се разбира, тие не направија ништо лошо. Тие само играа фудбал и тоа сензационален фудбал. Пеп му помогна на лигата да го подобри фудбалот“, рече Клоп.



