Клоп за испадот ги обвинува емоциите и моментот на гнев

Менаџерот на Ливерпул, Јирген Клоп денеска ги обвини „емоцијата“ и „моментот на гнев“ за да го оправда својот испад на мечот против Тотенхем, кога непримерно се радуваше пред четвртиот судија за време на прославата на голот.
По победничкиот гол на Диого Јот за 4:3 во судиското надополнување, Клоп истрча покрај линијата и го прослави голот пред четвртиот судија на натпреварот, по што судијата Пол Тиерни му покажа жолт картон.
„Оваа ситуација не требаше да се случи. Беше под влијание на гнев и емоции. Не кажав ништо лошо и не сакав да му пријдам на четвртиот судија“, изјави Клоп.
Англиската фудбалска асоцијација (ФА) отвори истрага за навредите на Клоп упатени кон судијата Тирни.
„По средбата се обидов да се смирам, но не се однесував како што треба. Отворив кутија што не требаше да ја отворам“, рече Клоп.
Клоп по натпреварот изјави дека не му е јасно што имаат судиите против Ливерпул.
„Тие мислат дека сум го довел во прашање нивниот интегритет, што не го правам“, додаде Клоп.
По мечот со Тотенхем, телото задолжено за професионално судење во Англија (ПГМОЛ), објави соопштение во кое потврди дека Пол Тиерни „постапувал на професионален начин во текот на целиот натпревар, а особено кога ја изрекол казната на менаџерот. на Ливерпул“.



