SportM
Фудбал

Клоп за заминувањето на капитенот: „Се уште ништо не е решено“

Д М20 јул 2023
Клоп за заминувањето на капитенот: „Се уште ништо не е решено“

Веста дека Ливерпул летово го продава капитенот Џордан Хендерсон на најатрактивните купувачи, клуб од Саудиска Арабија, ги шокираше сите, но оваа вест се уште не доби официјална потврда.

Тренерот на „црвените“ Јирген Клоп засега не сакаше да зборува на оваа тема.

„Сè додека нема конечна одлука, не мора да зборуваме за темнината. Ќе дојде време кога веројатно ќе мораме, но не е сега. Колку што знам, сè уште ништо не е решено, што значи дека во овој момент нема што да се каже за тоа. На крајот на краиштата, сите одлуки од тој тип ги донесувам јас. Но, бидејќи многу ги почитувам моите играчи, одлуките најчесто ги носиме заедно, со согласност. Така е и во овој случај“, изјави Клоп.

Хендерсон наводно би добил тригодишен договор од 700.000 фунти неделно во Арабија кој на Ливерпул би му донел 12 милиони фунти.

Тој не беше дел од тимот за натпреварот со Карлсруе и се уште нема донесено одлука за заминување во Ал Етифак, чиј тренер од неодамна е Стивен Џерард. Тој допрва треба да отпатува во Англија за да разговара за се со своето семејство.

Фабињо воопшто не отпатува со тимот во Германија и е при крај со преговорите околу преселба на Ал Итихад.

Сподели

Коментари (0)

Бидете прв што ќе коментира.