Клубот му врачи отказ поради поддршка за Палестина, но ги доби на суд, сега Германците треба да му платат милионско обештетување
Редакција14 јул 2024

Судот во Мајнц пресуди во корист на Анвар Ел Гази и ја укина одлуката за негово отпуштање во Мајнц, Германија, поради изразување поддршка за Палестина. Холандскиот фудбалер со марокански корени во ноември минатата година доби отказ од Мајнц по што возврати со тужба.
Епилогот е Мајнц ќе треба да му плати 1,7 милиони евра на 29-годишниот фудбалер, а договорот меѓу двете страни останува на сила. Договорот на играчот првично требаше да истече на крајот на јуни оваа година, но тој вклучуваше клаузула за едногодишно продолжување доколку Мајнц остане во Бундеслигата како што направи, така што договорот беше автоматски продолжен.
Сподели
Поврзано
Поврзани вести
Коментари (0)
Бидете прв што ќе коментира.



