Connect with us

Фудбал

Клубовите најдоа начин да играат натпревари и покрај погребот на кралицата Елизабета Втора

Откако поради смртта на кралицата Елизабета Втора беа одложени натпреварите кои требаше да се играат викендов, постои можност да бидат одложени и натпреварите наредниот викенд.

 

Конкретно, тука е и одложувањето на натпреварите кои треба да се играат во лондонската област, секако поради погребот на кралицата Елизабета Втора.

 

Станува збор за натпревари меѓу Тотенхем и Лестер, Челзи и Ливерпул и Брентфорд и Арсенал.

Натпреварот помеѓу Брентфорд и Арсенал речиси сигурно ќе биде одложен бидејќи и двете екипи се од лондонската област и тешко е да се најде алтернатива.

 

Сепак, постои шанса да се играат преостанатите два натпревари. Имено, Тотенхем и Челзи побараа од своите противници да го сменат домаќинството.

 

Така, доколку се прифати, Ливерпул би бил домаќин на Челзи, додека Лестер на свој терен би го пречекал Тотенхем.

 

Најголема пречка е организацијата на натпреварот во однос на продажбата на билетите и се што оди со маркетингот на натпреварот, но сите опции се уште се отворени.

 

Останува да почекаме и да видиме какви одлуки ќе бидат донесени, и дали ќе се одиграат некои натпревари следниот викенд.