„Кога би можел да однесам еден човек на риболов, тоа би бил Лео Меси и тоа би бил мојот најсреќен ден“

Фил Фоден е секако голема надеж за Манчестер Сити, но и за репрезентацијата на Англија.
Фоден дебитираше на голема сцена пред неколку години и прерасна во важен играч во тимот предводен од Пеп Гвардиола.
Иако има само 21 година, тој веќе покажа дека е одличен играч, а многумина му предвидуваат одлична кариера.
Фоден даде интервју за англиските медиуми пред неколку дена, а особено една негова изјава привлече внимание.
Имено, новинарот праша со кого ќе помине еден ден на риболов ако може да избере, а тој рече дека во тој случај ќе го избере својот фудбалски идол – Лионел Меси.
„Ако можам да го поминам целиот ден на риболов и да можам да земам еден човек да оди со мене, тоа ќе биде Меси. Тој беше мојот идол откако гледав фудбал. Ако можев само да седам и да разговарам со него, тоа ќе биде најсреќниот ден во мојот живот“, рече Фоден.
Фоден дебитираше за првиот тим на Манчестер Сити во 2017 година, и одигра вкупно 130 натпревари за овој клуб и постигна 33 гола и додаде 24 асистенции, а потсетуваме дека има само 21 година.
Тој минатата година дебитираше и за репрезентацијата на Англија, за која одигра десет натпревари и постигна два гола.



