Поврзи се со нас

Фудбал

„Кога Меси рече дека останува, не бевме сите среќни”

Барселона толку се бореше да не го остави Лионел Меси да си замине, што на крајот се стекна впечаток дека сите на „Камп Ноу“ се среќни што останува одличниот фудбалер.

Сепак, сторијата од декемвриското издание на популарниот магазин „442“ потврди дека тоа не е случај, во кој неименуван функционер вели дека престојот на Меси му донесе големо разочарување на добар дел од клубот.

“Бевме вознемирени кога Меси реши да остане. Сите беа”, изјави извор на популарниот магазин 442, додавајќи:

“Неговиот престој значеше намалување на платите на вработените, само за да можат да му ја исплатат платата. Го сакам Лионел, тој направи многу за нашиот клуб, за фудбалот воопшто. Но, повеќе од тоа го сакам моето семејство и мојата работа”.

Затоа надежта на сите вработени е дека Меси ќе го напушти клубот во јуни следната година. Тогаш неговиот договор истекува и нема намера да го продолжи како што стојат работите сега.

 

loading...

Facebook