„Кога ми се јавија и ми рекоа дека сум позитивен, мислев дека е шега“

Фудбалерот на Сампдорија, Маноло, Габиадини, беше вториот играч во Серија А, кој тестираше позитивно на коронавирусот.
Габиадини ја раскажа ситуацијата кога откри дека е позитивен на коронавирусот. Тој вели дека немал специфични симптоми, но дека најмногу се грижел за фактот дека може да зарази други.
„Се чувствував маклу тешкотии на 10 март, но не мислев дека е вирус. Лошо спиев ноќта, наутро имав вртоглавица, но не бев топол на допир“, вели Габиадини и продолжува:
„Ја мерив температурата и беше 37,5. Го повикав докоторот на Сампдорија затоа што мојата сопруга ми предложи да направиме тест затоа што имаме две мали деца. До четврток се чувствував добро, но докторот ми се јави и ми рече дека сум позитивен на коронавирусот”.
„Мислев дека станува збор за шега. Температурата веднаш се спушти и не очекував. Тогаш почнав да размислувам за овој коронавирус. Ако мојот лекар ми рече да почекам само еден ден пред да го направам тестот, немаше да го сторам тоа затоа што се чувствував добро. Можеби без размислување дека сум позитивен, би одел на пазар, би купил овошје и би ризикувал да му го пренесам вирусот на постара личност без да знаам дека тоа се случува. Важно е да се дистанцирате, да ги следите правилата и да останете дома“, додава Габиадини.
„Сампдорија во овој период ми потврди дека клубот е навистина семејство. Во клубот имало многу позитивни случаи, вклучувајќи го и лекарот, кој сега, за среќа, оди на подобро. Постојат ситуации што ве приближуваат “, заклучи тој.
Габиадини е двојно повеќе погоден од ситуацијата, бидејки е од Бергамо, најтешко погодениот град во Италија. Оваа недела имаше толку многу жртви што воените камиони однесоа 60 ковчези во други градови бидејќи крематориумот беше преоптоварен, дури и 24 часа на ден.
„Се грижам за моето семејство и за сите во Бергамо. Моите родители се затворени во нивните домови. Јас разговарам со нив секој ден, но ги видов пред скоро еден месец. Тие ми кажуваат кога ќе отворат прозорец, сè што можат да слушнат е звукот на сирените за брза помош“.



