Connect with us

Кошарка

Кога Никола Јокиќ ќе се налути-Го натера судијата да му се извини! (ВИДЕО)

Никола Јокиќ во последните години важи за најдобар кошаркар во светот, бидејќи во три од последните четири сезони беше прогласен за МВП на регуларниот дел од сезоната во НБА. Воглавно, Јокиќ за навивачите е препознатлив како опуштена личност која доста се забавува на теренот и ретко влегува во конфликтни ситуации, но на последниот натпревар на Денвер го видовме Србинот во поинаква верзија.

Јокиќ беше налутен од потег на судијата, додека се подготвуваше да изведува слободни фрлања. Судијата лесно ја исфрли топката кон Јокиќ и таа падна многу ниско, на што гневно реагираше центарот на Нагетс.

Многумина гестот на судијата го оценија како непочитување кон Јокиќ, а по реакцијата на играчот, судијата се извини и ја призна грешката. Некои од навивачите веднаш направија паралела со односот на судиите кон Џанис Антетокунмпо, кој при изведувањето на слободните фрлања судиите чекаат десетици секунди додека не го заврши својот ритуал, па дури потоа му ја даваат топката да шутира.

Јокиќ сезонава во дресот на Денвер има просек од 31,5 поени, 13 скока и 9,7 асистенции по натпревар, а Нагетс се четврти тим во западната конференција во НБА лигата со скор од 20 победи и 14 порази.