SportM
Фудбал

„Кога влегуваш во финалето си Англичанец, а кога промашуваш пенал си само црнец“ (ВИДЕО)

Д М31 мај 2022
„Кога влегуваш во финалето си Англичанец, а кога промашуваш пенал си само црнец“ (ВИДЕО)

Фудбалската репрезентација на Англија минатото лето играше во финалето на Европското првенство, но по пенали беше поразена од Италија на Вембли.

Италија славеше со 3:2 во пенали, а Англичаните промашија во третата, четвртата и петтата серија. По ред промашија Рашфорд, Санчо и Сака.

Член на таа селекција беше и младиот фудбалер на Борусија Дортмунд, Џуд Белингем, кој веќе ја запозна суровоста на расизмот. Тој во интервју за Си-Ен-Ен вели дека речиси по секој натпревар добива расистички навреди, а се осврна и на споменатите финалиња на Европското првенство.

Маркус Рашфорд, Џејдон Санчо и Букајо Сака беа цел на расистичка злоупотреба на социјалните мрежи од страна на некои навивачи откако промашија пенали во финалето. Менаџерот на тимот Герет Саутгејт го опиша злоставувањето како непростливо.

Џуд Белингем рече:

„Го покажавме вистинскиот карактер за да победиме на игрите и се чувствував како земјата да е обединета. Знам дека ова се избрани идиоти, се разбира, а не целата нација се врти против нив.

Сигурен сум дека веројатно имаа повеќе поддршка отколку навреда, но им требаше поддршка само по промашените пенали, а не расизмот што го добија после тоа“, изјави Меркел.

На патот до финалето на Европското првенство си Англичанец, а потоа го промашуваш пеналот и после тоа си само црн“, изјави Белингам.

Сподели

Коментари (0)

Бидете прв што ќе коментира.