Кој е најтешкиот дел од играњето три натпревари во една недела? Мурињо во свој стил: Да се одржат шест прес-конференции во една недела

Жозе Мурињо не го пропушти моментот за да направи хумор на прес-конференцијата, во пресрет на натпреварот против Елче. Прашањето која е најтешката страна од справувањето со три натпревари во рамките на седум дена, португалскиот тренер го одговори со иронија: „Кој е најтешкиот дел од играњето три натпревари во една недела? Да се одржат шест прес-конференции во една недела“.
Потоа, Мурињо им се обрати на новинарите со својата карактеристична сарказма: „Навистина, доволни сте ми вие, и јас вам ви сум доволен. Дури и немате повеќе прашања за да ми поставите. Но ете нè тука сме, бидејќи ова е нашата работа. Играчите треба да ја завршат својата работа, и ние треба да ја завршиме нашата“.
На крајот, тој додаде со насмевка: „Ако ме поштедите од една прес-конференција, ќе донесам нешто за јадење и малку ќе се забавуваме“.
Шегата на Мурињо го одразува големиот товар на календарот, што ги принудува тренерите и играчите да се справуваат со интензивно темпо меѓу натпревари, подготовки и медиумски обврски.



