SportM
Фудбал

Кој ќе застане на голот на Реал наместо Куртоа? Де Хеа, Навас, Кепа…

Д М10 авг 2023
Кој ќе застане на голот на Реал наместо Куртоа? Де Хеа, Навас, Кепа…

Фото: Real Madrid goalkeepers Keylor Navas, right, and Thibaut Courtois attend a training session in Moscow, Russia, Monday, Oct. 1, 2018. Real Madrid will face CSKA Moscow in a Champions League, Group G soccer match on Tuesday. (AP Photo/Pavel Golovkin)

Реал Мадрид итно бара нов голман по тешката повреда на Тибо Куртоа.

Голема несреќа го снајде кралскиот клуб. Искусниот 31-годишен Белгиец заработи тешка повреда на денешниот тренинг. Му беа скинати предните вкрстени лигаменти на левото колено.

Шпанските медиуми пренесуваат дека Карло Анчелоти разгледува неколку опции во договор со челниците на клубот. Меѓу нив се поранешниот голман на Атлетико Мадрид и Манчестер Јунајтед, Давид Де Хеа (32), голманот на лондонски Челзи, Кепа Аризабалага (28) и ветеранот од Костарика, Кејлор Навас (36), поранешен ривал на Куртоа на голот на Реал, минатата сезона беше позајмен на Пари Сен Жермен бранеше за Нотингем Форест.

Најмногу шанси има Де Хеа. Тој стана слободен играч откако Манчестер Јунајтед не сакаше да му понуди нов договор. Кепа и Де Хеа во изминатите денови беа поврзувани со Баерн Минхен…

Реал нема многу време. Локалните медиуми од Валенсија пишуваат дека младиот Џорџи Мамардашвили (22) од Грузија е сериозен кандидат и голман на „лилјаците“. Исто така, новинарот Карлос Родригез го споменува и мароканскиот голман на Севиља, Јасин Буну (32).

Во сабота, 12 август, Реал Мадрид ќе го пречека Атлетик Билбао во натпреварот од првото коло на шпанската Примера/Ла Лига. Тогаш веројатно ќе биде на голот Украинецот Андриј Лунин (24), резервата на Курто во последните сезони .

Сподели

Поврзано

Коментари (0)

Бидете прв што ќе коментира.