Кој против кого во осминафинале во ЛШ, погледнете ги можните парови, две мега пресметки ќе има?!

По одигрувањето на последните натпревари од групната фаза на Лигата на шампионите, сега се расчистени сите 16 финалисти од осминафиналето. Ждрепката за паровите ќе биде извршена следниот понеделник (7 ноември) во 13:00 часот.
Победниците од осумте групи (Наполи, Баерн, Порто, Тотенхем, Челзи, Реал М, Манчестер Сити и Бенфика) ќе се расправаат со тимовите кои го освоија второто место (Ливерпул, Клуб Бриж, Интер, Ајнтрахт (Од), Милан, РБ (Лајпциг), Борусија (Д) и ПСЖ). Ограничувањето важи дека тимовите од иста земја не можат да се спротивстават еден против друг, како и тимовите кои досега биле во иста група.
Еве ги можните опции пред некои од водечките клубови:
РЕАЛ МАДРИД – може да падне со Ливерпул, Бриж, Интер, Ајнтрахт, Милан, Борусија (Д), ПСЖ
ЛИВЕРПУЛ – може да падне со Порто, Баерн, Реал Мадрид, Бенфика
МАНЧЕСТЕР СИТИ – може да падне со Клуб Бриж, Интер, Ајнтрахт , Милан, РБ (Лајпциг), ПСЖ
МИЛАН – може да падне со Порто, Баерн, Тотенхем, Реал М, Манчестер Сити, Бенфика
БАЕРН – може да падне со ПСЖ, Ливерпул, Милан, Бриж
ЧЕЛЗИ – може да падне со Бриж, Интер, Ајнтрахт (ФР), РБ (Лајпциг), Борусија (Д), ПСЖ
ИНТЕР – може да падне со Порто, Тотенхем, Челзи, Реал М, Манчестер Сити, Бенфика
ПСЖ – може да падне со Наполи, Баерн, Порто, Тотенхем, Челзи, Реал М, Манчестер Сити
Првите натпревари ќе бидат на 14/15 и 21/22 февруари, а реваншите – на 7/8 и 14/15 март.



