Кој се следни? Коронавирусот ги нападна и Сенегалците, Мане ‘скокна’ во помош и донира пари

Напаѓачот на Ливерпул Садио Мане многу години му помага на Сенегал и сега се вклучи во борбата против коронавирусот.
Гледајќи го порастот на случаите „Ковид-19“ во Сенегал, Мане реши да одговори и да уплати околу 45.000 евра на државната одбрана кој се бори против коронавирусот во таа земја.
Мане сподели и видео на социјалните мрежи, во кое ги замолува неговите сонародници да го земат коровирусот „крајно сериозно“.
Африканскиот играч на годината исто така им дал на своите придружници совети за преземање на превентивни мерки, како што се „дезинфицирање или миење на рацете најмалку 30 секунди“.
Вкупниот број потврдени случаи на „Ковид-19“ во Сенегал достигна 27, но според Министерството за здравство биле излечени две лица.
Сенегалските власти во понеделникот објавија прекин на летовите меѓу западноафриканската земја и неколку земји во Европа (Франција, Белгија, Шпанија, Португалија и Италија) и северна Африка (Алжир, Тунис), додека Мароко веќе најави прекин на летовите со Сенегал.
Сите активности на тренинзи во Мелвуд се стопирани за играчите и персоналот на Ливерпул, а „црвените“ нема да играат барем до 4 април, а нивното славење на титулата е откажано поради пандемијата на коронавирус.
Во меѓувреме, Мане и неговите соиграчи тренираат користејќи индивидуални програми.



