Коларов лут, го критикуваше соиграчот по победата над Црна Гора

Александар Коларов, искусен бек на Србија и Рома, критикуваше еден од неговите соиграчи по натпреварот со Црна Гора.
Србија ја победи Црна Гора со 2:1 а Коларов се истакна со асистенција за Митровиќ за вториот гол.
И покрај тоа што се чинеше дека на полувреме „Орлите“ лесно ќе победат, Црна Гора покажа подобра игра и го „нападна“ резултатот 2:1.
„Дојдовме до тоа од чиста доминација и водство од 2:0 да мораме да се браниме. Имавме пенал кој Митровиќ го промаши“, рече Коларов по натпреварот, но додаде:
„Нему најтешко му е поради тоа, но не треба тоа да го прави на 2:0. Потоа се повлековме назад без причина, тоа не е нашиот квалитет, тоа ние не треба да го играме. На крајот, сепак, мислам дека заслужено победивме и заслужено го држиме првото место“.



