Фудбал
Колку долго Анчелоти ќе остане во Реал?

Италијанскиот тренер Карло Анчелоти не е сигурен колку долго ќе остане на клупата на Реал Мадрид.
Тој најмногу се поврзуваше и се уште се поврзува со преземање на бразилската репрезентација. Имаше деманти, но и нови шпекулации.
Сепак, според италијанскиот стратег, за сето ова ќе одлучи само Реал Мадрид.
“Клубот ќе одлучи. Би сакал да останам во Реал до крајот на мојот живот, но тоа е невозможно. Сепак, сакам да продолжам тука. Ако сакаат да бидам тука уште три месеци, ќе уживам во тие три Ако сакаат три години, јас ќе уживам во три години“ , изјави Анчелоти.
Со тоа тој не ја исклучи можноста во блиска иднина да го преземе Бразил, а од ова ќе зависат и плановите на мадридскиот клуб како и настапот на крајот од сезоната.
