SportM
Фудбал

Колку е разочаран по победата против Ливерпул најдобро покажува пораката на Роналдо на Инстаграм

Д М23 авг 2022
Колку е разочаран по победата против Ливерпул најдобро покажува пораката на Роналдо на Инстаграм

Фудбалерите на Манчестер Јунајтед синоќа во големото дерби го победија Ливерпул со 2:1.

 

„Црвените ѓаволи“ ја прекинаа лошата серија и по срамот против Брајтон и Брентфорд, синоќа на свој терен успеаја да го победат најголемиот ривал – Ливерпул.

Домашните славеа со головите на Џејдон Санчо и Маркус Рашфорд, додека Мохамед Салах го постигна единствениот гол за гостите од Енфилд.

 

Интересно, Ерик тен Хег синоќа го остави Кристијано Роналдо на клупата и еден од најдобрите играчи на сите времиња доби шанса да игра дури во самиот финиш на натпреварот, а на теренот мина помалку од десет минути.

 

На Роналдо можеше да се види колку е несреќен што не ја започна играта, но се чини дека Тен Хег јасно му покажа дека никој не е поголем од клубот и дека не може да се однесува како цело лето.

По натпреварот Роналдо се огласи на Инстаграм, но многумина веруваат дека неговата порака била полна со иронија бидејќи не е навикнат да седи на клупа на толку големи натпревари.

 

„Честитки Манчестер Јунајтед. Ви благодариме за поддршката на „Олд Трафорд“, кратко напиша Роналдо по победата против Ливерпул.

 

 

Јунајтед одигра фантастичен натпревар и заслужено успеа да ги совлада десеткуваните црвени и на најдобар начин да најави излез од резултатската криза.

Познато е дека Португалецот пропушти поголем дел од подготовките бидејќи сакаше да го напушти клубот, но за него немаше понуди што ги очекуваше.

Наводно, Роналдо се уште има желба да го напушти клубот, но откако Јунајтед донесе неколку звучни засилувања, тој почна да се предомислува. Но, поради неговите потези ја загуби довербата на тренерот, а очигледно и местото во стартната постава.

Сподели

Коментари (0)

Бидете прв што ќе коментира.