Колку е важен Мбапе за ПСЖ најдобро говори потегот на претседателот на Франција

Се ближи летото, а со тоа и трансферот на Килијан Мбапе во Реал Мадрид, со оглед на тоа што тој не се решава да потпише нов договор со ПСЖ.
За важноста на 23-годишниот напаѓач за ПСЖ доволно говори потегот на претседателот на Франција, Емануел Макрон, кој се обидува да го убеди да остане во главниот град на Франција.
Во екот на претседателските избори, Емануел Макрон го постави приоритет да го убеди Мбапе да остане во Париз, според RTL France.
Францускиот претседател Килијан Мбапе го смета за национален симбол на младоста.
Емануел Макрон и Килијан Мбапе имаат дури донекаде пријателски односи, а двајцата неколкупати комуницирале преку СМС пораки.
Не така одамна и легендарниот Роналдињо изјави дека најдобро би било Мбапе да остане член на ПСЖ.
“Да, мислам дека тој ќе остане. Но, во фудбалот многу работи можат да се случат многу брзо. Не сакам никого да советувам. Сакам да ги видам сите мои пријатели среќни, без разлика каде се”, изјави Бразилецот за PSG Talk. додавајќи:
„Да останат сите тројца, би било одлично за сите љубители на фудбалот. Најдобрите тројца играчи во светот заедно, тоа сакаат да го видат сите навивачи.
Да потсетиме, Мбапе во ПСЖ пристигна од Монако во летото 2017 година и со парижаните беше трикратен француски шампион, но следен предизвик е Лигата на шампионите во која стигна до финалето каде во 2020 година беа поразени од Баерн Минхен.
Сезонава постигна 31 гол на 39 натпревари и им подели 22 асистенции на соиграчите.



