Колку заработија светските шампиони во фудбал?

Новите светски шампиони во фудбал Аргентинците заработија 42 милиони долари, а вицешампионите Французите 30 милиони долари. Бронзената Хрватска за наградата ќе добие 27 милиони долари.
Меѓународната фудбалска федерација (ФИФА) обезбеди награден фонд од 440 милиони долари за Светското првенство во Катар, што е за 40 милиони долари повеќе од последното Светско првенство во Русија, додека наградниот фонд за Светското првенство во Бразил во 2014 година изнесуваше 358 милиони долари.
За споредба, Франција пред четири години заработи 38 милиони долари за шампионската титула, а Хрватска десет милиони помалку за сребрениот медал.
ФИФА на репрезентациите во Бразил им подели 358 милиони долари, при што светскиот првак Германија доби 35 милиони долари, Аргентина како финалист 25, додека Холандија за третото и Бразил за четвртото место добија 22 и 20 милиони долари.



