Connect with us

Фудбал

Коментаторот одвратно го навреди Вида: Толку е грд што не смее да игра во овој термин (ВИДЕО)

Хрватскиот фудбалер Домагој Вида (32) вечерва доживеа брутални навреди од холандскиот коментатор Сеирд де Вос.

Коментаторот упати грозоморни навреди кон 32-годишниот дефанзивец на Бешикташ пред почетокот на натпреварот од Лигата на шампионите против Ајакс.

Де Вос во живо во програмата кажа навистина ужасни работи за изгледот на хрватскиот дефанзивец.

„Вида е толку грд што генерално не смее да игра во овој термин бидејќи и децата гледаат телевизија“, рече холандскиот коментатор, додавајќи:

„Затоа, Бешикташ мора да побара посебна дозвола Вида да игра вечерва.“

Навистина неверојатни навреди за кои нема место во работата што ја врши Серд де Вос.

Барем треба да имате малку почит кон другите.

Реклама

Facebook

Реклама