SportM
Фудбал

Комисија ќе проверува како екс селекторот Игор Ангеловски ја добил ПРО-лиценцата!

E R30 дек 2025
Комисија ќе проверува како екс селекторот Игор Ангеловски  ја добил ПРО-лиценцата!

Управниот одбор на ФФМ  донесе одлука за формирање ад-хок комисија која ќе спроведе ревизија на едукативниот процес за носителите на тренерски лиценци издадени од Едукативниот центар на ФФМ.

Ревизијата ќе опфати проверка на тоа дали се почитувани роковите, процедурите и критериумите за посетување и учество на едукативните модули, како и постапката за издавање на тренерски лиценци.

Меѓу другото, ќе се испита и начинот на кој поранешниот селектор Игор Ангеловски ја добил својата ПРО лиценца, ревизија која тој самиот ја побара.

Сподели

Коментари (0)

Бидете прв што ќе коментира.