SportM
Фудбал

Конечно му осамна на Гризман, но и на Барселона и Атлетико

Д М8 окт 2022
Конечно му осамна на Гризман, но и на Барселона и Атлетико

Барселона и Атлетико конечно постигнаа договор за промена на условите на позајмица со опција за купување на Антоан Гризман.

Во 2019 година Барселона го купи Гризман за цели 120 милиони евра, но Французинот не се снајде најдобро во новиот клуб, а бидејќи имаше огромна плата, клубот реши да го врати во Атлетико на позајмица.

Тој потпиша двегодишен договор за позајмица со Мадрид, но челниците на Атлетико беа обвинети дека се обидуваат да избегнат обврски за купување играчи. Постоеше ризик случајот да оди на суд, но се чини дека работите конечно се разрешени.

Атлетико требаше да го купи Гризман за 40 милиони евра доколку играше одредена минутажа на позајмица. Се чинеше сомнително дека Диего Симеоне ќе го менува најчесто по 60. минута. Очигледно поради клаузулата во која Гризман мораше да го игра секој натпревар повеќе од 60 минути за да го купи Атлетико.

Како што пренесува „Мундо Депортиво“, Атлетико се согласил да го купи Гризман за 24 милиони евра, што е значително помалку од првичниот договор.

Заминувањето на Французинот сигурно ќе го зголеми платежниот капацитет на Барселона, но нема да го оптоварува буџетот на Атлетико колку што се очекуваше.

Според новите услови на договорот неговата плата во Мадрид би требало да изнесува 7 милиони евра годишно, речиси 1/3 помалку од предвиденото.

Кариерата на Гризман го достигна врвот за време на неговиот прв престој во Атлетико. Играше во финалето на Лигата на шампионите во 2016 година, еднаш го освои шпанскиот Суперкуп, додаде триумф во Лигата на Европа во 2018. Беше еден од лидерите на францускиот тим на Евро 2016 (вицешампион) и на Светското првенство во 2018 година, кога неговата репрезентација стигна до титули.

Французите сакаа да го расчистат случајот со трансферот пред Светското првенство во Катар, за тој да се фокусира на него и соодветно да се подготви за него. Оваа сезона за мадридскиот клуб постигна десет гола и забележа три асистенции.

Сподели

Коментари (0)

Бидете прв што ќе коментира.